Уште една уникатна вила во Кратово од денеска е дел од светот на Кајак.мк. Се радуваме што секојдневно нови домаќини ги отвараат своите врати за нашите патувачи и истражувачи на нови неоткриени ќошиња во Македонија.
| Сместувањето можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Денеска ве водиме
во Кратоко, поточно во самата околина на Кратово, каде на 1.7 километри од
центарот на градот или на 100 метри од стадионот Силекс се наоѓа ова прекрасна
викендица во која можете да уживате со сето ваше друштво.
Вилата располага со 2 спрата по 25 м2 и летниковец од 35 м2 и простран зелен двор од 100м2, што ви овозможува апсолутно уживање во природата.

Вилата е
комплетно опремена со се што ви е потребно за уживање. За оние друштва кои
сакаат да го истражуваат овој крај, треба да имаат до знаење дека околината
нуди доста знаменитости како локалитетот Камени Кули којшто се наоѓа на 15
километри од сместувањето, а градот Кратово е дефинитивно музеј под отворено
небо. Со многу стари борови, мостови и кули. Сместувањето се наоѓа во мирна
средина со чист воздух со градинарски производи.
Повеќе
информации, фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден
клик ОВДЕ.