Топло, жешко и тешко време кое се решава само на два начини. Првиот начин е да отпатувате на летување надвор од Македонија, а вториот начин е да изнајмете сместување во земјава на мирна и тивка локација.

Голем дел од туристите покрај фиксното летување, одлучуваат викендите да ги поминат во приватна вила надвор од градскиот хаос како би ги наполниле батериите за уште едно нова и продуктивна работна недела.

Од денеска во нашата база ја додаваме „Вила Рума“ која се наоѓа во регионот на Тиквеш. Ова уникатно сместување кое располага со свој приватен базен е идеален за луѓето кои сакаат да го истражат регионот. Совет на Кајак.мк е да се посети полошкиот манастир на Тиквешкото езеро до кое се патува со чамец во времетраење од час и половина.

Областа во која е сместена вилата е доста мирна и тивка. Идеална е за активен одмор и да прошетки во природа. Домаќинот Ангел вели дека сместувачкиот објект располага опремени кујни и купатила. Вилата поседува Wi-Fi, а има паркинг за 15 возила.
Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, цени, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.