Уште една прекрасна вила со базен на самиот брег на Тиквешкото езеро, од денеска е дел од светот на Кајак.мк. Доколку барате место каде времето не поминува толку брзо како во градскиот метеж и каде владее спокојот, тогаш ова е една од вашите идеални сместувања.
| Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Вилата нуди комфор во две пространо уредени соби, обезбедувајќи сè што ви е потребно за незаборавен престој. Секоја соба е опремена со брачен кревет, плакар и телевизор. Во дневниот престој има уште еден кревет на развлекување, што ви овозможува сместување до 7 лица.

Надворешниот простор околу базенот ветува дневно уживање со
две лежалки, столици и лулашка. Замислете си лени денови поминати во читање,
сончање или само набљудување на Тиквешкото
езеро. Погледот кон езерото е непроценлив, а мирот што го нуди ова место
е точно она што ви е потребно за вистински одмор.
Доколку сакате да
погледнете повеќе информации, фотографии, како и да направите он-лајн
резервација кликнете ОВДЕ.