Ако бараме вили кои за вашите деца би изгледале како оние од бајките, тогаш дефинитивно оваа вила во Нижеполе е една од таквите. Камин на дрва, пикадо, флипери, фудбалчиња, oгромна спална на поткровјетсо Netflix филмски маратон, простран двор за активности во природа и ски центар идеален за деца кои сакаат да го научат скијањето.

Тоа е се што му е потребно на вашето дете за да му го направите зимскиот одмор убав. Вилата ви ја препорачуваме за семеен одмор бидејќи само така ќе можете да уживате во предностите на ова сместување.

Вилата е целосно
опремена со се што ви е потребно за готвење, има приватен паркинг и има Wi-Fi
што ви овозможува да ја преселите
вашата интернет канцеларија во природа.
Повеќе
информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервации можете да најдете
со еден клик ОВДЕ.