Поставена во идиличната природа на Сливница, новата вила која од денеска е дел од светот на Кајак.мк ви нуди единствен мир и тишина далеку од секојдневната врева.
| Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Вилата располага со две просторни соби, опремени со удобни брачни и поединечни кревети, што ви овозможува престој за 8 лица. Секоја соба ви нуди приватност со сопствен тоалет, а има и Wi-Fi што ви овозможува да ја преселите вашата он-лајн канцеларија на село.

Во непосредната близина е плажата Сливница и летовалиштето во Претор, а гостите имаат и лесен пристап до ресторани и локални атракции. За авантуристите, околината е исполнета со планинарски патеки и можност за рекреативен риболов на крап во Преспанското Езеро.

За оние кои сакаат да ја истражат поголемата област, градот
Ресен е на само 15 километри далеку. Доколку сакате повеќе информации, фотографии како и опција за он-лајн
резервација, кликнете ОВДЕ.