За оние коишто бараат сместување на самото крајбрежје на Охридското езеро, тимот на Кајак.мк ги информира дека од денеска, во нашата база на приватни сместувања има уште еден апартман којшто се наоѓа во Пештани и ви овозможува да ја доживеете магијата на Охрид во нејзината целосна сјајност.

Апартманот од 60м2, располага со сè што ви е потребно за удобен престој: спална соба со брачен кревет, дневна соба со опции за спиење кои ги вклучуваат петтосед и фотелја на спуштање, како и дополнителен кревет по потреба. Станот е дизајниран со стил и комфорт, опремен со модерни уреди, вклучувајќи два телевизори, инвертер клима, и балкон со неверојатен поглед на езерото.

На само неколку чекори од вилата е Охридското Езеро, а
наоколу има доста ресторани за гурманско уживање.
За идеален одмор каде што приватноста, удобноста и природата
се во совршена хармонија, изберете го ова место на крајбрежјето на Охридското
Езеро. Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација ќе
најдете со еден клик ОВДЕ.