Сигурно веќе сте го додале Охрид на вашата
листа на летни дестинации. Според тоа што го гледаме по културните програми, сигурни
сме дека ќе имаме доста жешко лето во Охрид.
Но многумина од вас сè уште бараат начин како да го исполнат своето време со активности. Баш поради ваквите причини, тимот на Кајак.мк одлучи во наредниот период да ве запознаа со уште неколку атракции кои може да ви го привлечат вниманието.

Денеска сакаме да ве запознаеме со Yanka Ранчот, кој е дел од
базата на „КАДЕ ОВДЕ“ на Кајак.
Ранчот постои од 2021-ва година и се наоѓа во село Љубаништа во близина на комплексот на Манастирот Свети Наум. Во моментот актуелни се две тури со коњи, од кои едната е покрај самото езеро, а втората е планинска тура.

За време на турите се посетува манастирот Св. Атансиј и се посетуваат 7-те извори на реката Црн Дрим, по што се продолжува со прошетка до црквата Св. Богородица каде што има мала пауза и враќање на почетната точка.

За врмее на турата покрај езерото се ужива во
убавините на охридското езеро со попатно застанување за фотографирање.
Доколку сакате контакт за резервација,
кликнете ОВДЕ.