Доколку ви треба вила во стариот град на Охрид која има капацитет за околу 20 лица, тогаш ова е идеално сместување кое ќе го собере сето ваше друшто на куп.

Тимот на Кајак.мк ве запознава со новите апартмани кои од денеска ги отворија вратите за нашиот свет, а воедно го отворија и прекрасниот поглед кон стариот град и Охридското езеро. Сместувањето се наоѓа во близина на Св. Софија, а во непосредна близина се и Античкиот театар, Канео и сите градски ресторани и ноќни збиднувања.

Вилата располага со вкупно 8 апартмани, кои може да се резервираат и поединечно. Повеќе информации, фотографии како и опција за он-лајн резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.