Тимот на Кајак.мк се радува што има се повеќе домаќини кои прифаќаат да ги отворат своите врати за нашиот свет, а со тоа да покажат дека во Mакедонија има гостопримливо домаќинство кое се грижи за своите гости, создава позитивни приказни кои резултираат со нови посети.

Денеска ве водиме на Пониква, каде ќе ве запознаеме со уште една нова вила која од денеска можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. Вилата се наоѓа на 1600 метри надморска височина, а нејзината позиција ви овозможува прекрасен поглед кон планинската пространост.

Вилата има 4 апартмани и 6 двокреветни соби. Овде можете да уживате со цело ваше друштво или семејство. Сите апартмани се комплетно опремени, а објектот има Wi-Fi, паркинг простор и простор за оставање на велосипеди во текот на пролетната и летна сезона.

Вилата е
опркужена со борова и елова шума која на гостите им нуди вистински планински амбиент.
Повеќе информации,
фотографии како и опција за онлајн испраќање на барање за резервација можете да
најдете со еден клик ОВДЕ.