Вила Лејк Палас е една од првите вили кои беа дел од базата на Кајак.мк, од летово вилата се подновува со нов „инфинити“ базен кој им е на располагање на гостите. Прекрасен поглед кон Беровското езеро, чист планински воздух, одлична вода за разладување и секако истражување на прекрасниот крај кој има прекрасна храна.

Домаќините кои ги отворија вратите за Кајак велат дека регионот секогаш има што да понуди. Почнувајќи од планинарски патеки, патеки за пешачење околу езерото, дегустирање на домашна локална храна, посета на градот Пехчево, набавка на домашен локален мед од локалните производители и уште што не.

Вилата има сместувачки
капацитет кој има џакузи во собите. Дел од собите се опремени со џакузи, а дел
се стандардни соби за престојување.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.