Пред да ви го опишеме сместувањето, тимот на Кајак.мк сака да ви потенцира дека скоро се е резервирано за Нова Година, а доколку некој од домаќините им се ослобди капацитет, тие нам не контактираат, а ние таа информација ја споделуваме на социјалните мрежи. Затоа ве молиме, да размислувате за други датуми, бидејќи секој викенд може да ви биде Нова Година ако патувате со луѓето кои ви значат.

Ова информација ја споделуваме се со цел да не ги пренатрупате нашите нови домаќини со барања за Нова Година, туку да се фокусирате на останатите волшебни зимски месеци. Велиме волшебни затоа што овој апартман кој од денеска е дел од светот на Кајак.мк, нуди прекрасен поглед, а особено кога Маврово е покриено со снежна покривка.

Се наоѓа во
новиот станбен комплекс, непосредно со ски стазата и жичарниците кои водат во
бачилата.
Апартманот е идеален за едно семејство или два пара, бидејќи има две спални соби. Целосно нов ентернер, уникатно скоцкан да одговара на сечии потреби. Апартманот има обезбедено приватен паркинг простор, а сите угостителски објекти како ресторани, кафулиња, дискотеката и кафеаните ви се достапни пеш.
Доколку сакате да
погледнете повеќе информации, фотографии и да испратите барање за резервација
на сместувањето кликнете ОВДЕ.