Тимот на Кајак.мк
денеска ве води во Битола, каде ќе ве запознае со уште еден наш домаќин кој ги
отвори вратите на „Somnia Apartments“ за светот на Кајак.мк.
Дамјан вели дека апартманите се наоѓаат на самиот Широк Сокак, со прекрасен поглед кој за моменти ќе ве врати во минатото. Уникатната градба и уникатниот сил на сместувачките капацитети ќе ви ја раскажат приказната животот во минатото но во комфорен стил.

Она што нам ни остана впечатливо во самите апартмани се просторните врати кои се реткост во денешните архитектонски решенија, а внатрешните скали се токму она автентичното македонско.

Дел од апартманите имаат прекрасни балкони кои висат над самиот Широк Сокак, а каде можете да уживате во приквечерието со чаша вино и романтичен поглед.

Повеќе фотографии,
информации како и опција за дирекно испраќање на он-лајн барање можете да
погледнете со еден клик ОВДЕ.