25.06.2024

Запознајте го Кристијан Алчинов: Дете кое ја сака наследната работа од неговиот дедо

Кристијан ја развива приказната за апи центарот „Алчинов“ кој е во склоп на истоимената пчеларска фарма која е аманет од неговиот дедо.

Запознајте го Кристијан Алчинов: Дете кое ја сака наследната работа од неговиот дедо

Денеска времето ни е сончево, но не е до толку многу жешко. Затоа одлучивме да ве одведеме до Гевгелија, каде во самото предградие на градот се наоѓа пчеларска фарма на Кристијан, со назив „Алчинов“. Кристијан е домаќин кој верувајте дека ја сака својата работа, вљубеник во природата и во Кожуф планина, за која  вели дека е неговиот втор дом.


Кристијан ја развива приказната за апи центарот „Алчинов“ кој е во склоп на истоимената пчеларска фарма која е аманет од неговиот дедо.


Ние заедно со компанијата Singular, кои се верни поддржувачи на локалните херои кои ги споделуваме на Кајак.мк, бевме во посета на фармата. Кристијан не дочека со еден куп информации поврзани со животот на пчелите, ни раскажа за нашата македонка-пчелка, а имавме прилика да дегустираме разни медени специјалитети кои се произведуваат на самата фарма.


Додека пчелите си ја вршеа својата работа, ние имавме можност да ги посетиме апи коморите, како и да искусиме кратка апи терапија. За оние кои се заинтересирани за апи терапија, треба да имаат предвид дека ваквата терапија трае подолго од вообичаена туристичка посета, но дефинитивно би се вратиле повторно.


Ние веќе сме пишувале за Кристијан и драго ни е што неговата приказна постојано се развива. Кајак.мк ќе биде поддржувач на неговата млада приказна, а сигурни сме дека ќе ја посетиме повторно со уште многу групи.


Повеќе информации за пчеларската фарма можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Коментари

Nace Todorov 27.06.2024 23:23
Неверифициран

Jas sum vas zadovolen klient so prekrasno iskustvo bidejki so nekolku terapii osetiv podobruvajne, I moeto iskustvo go raskazuvam na mnogu lica. Zatoa toplo ve preporacuvam na site.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!