Уште една вила со простран двор и базен од денеска е дел од светот на Кајак.мк. Летните горешнини ни се на прагот, а верувајте дека по дождот силно ќе огрее топло сонце и ќе ја отпочнеме топлата пролетна и летна сезона. Затоа не размислувајте дали да ја резервирате вила Лена која за нас е вистински лек за работен стрес. Вила Лена е идеална за уживање со вашите најблиски или пак за организирање на приватен семеен настан или тим-билдинг на вашата компанија.

Вила Лена се наоѓа во село Горно Коњари, општина Петровец. Внатрешниот капацитет на вилата за оние кои бараат ноќевање е до 7 лица, доколку дворот има капацитет за 30 лица. Што значи дека вилата ви овозможува две опции: Едната е за ноќевање и уживање во природа покрај базенот, а втората опција е за организирање настани или свечености.

Вилата има Wi-Fi, што овозможува работен пикник за мали и средни компании кои имаат потреба да органзиираат семинари во природа и под отворено небо.

Исто така треба да споменеме дека вилата се наоѓа на 50 метри од реката Пчиња, а овде поминува и пешачка патека која води во црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете
да најдете со еден клик ОВДЕ.