Уште една одлична
дестинација од денеска е достапна во светот на Кајак.мк. Имено овојпат нашиот
тим ве води во село Лешани, во општина Дебарца, кое селце е одалечено 28
километри од Охрид и е позиционирано на идеални 1028 метри надморска височина.
Во самото етно село има изградено и отворено три нови дрвени куќарки во кои можете да престојувате, а самиот комплекс има приватен базен достапен за сите гости.
| Доколку сакате да резервирате, кликнете ОВДЕ. |

Ваквите куќички
или бунгалови располагаат со отворена галерија, една спална соба и кревет на
развлекување кој може да го користат деца. Капацитетот на една куќичка е за 4
лица, што ги прави совршени за семејства или за парови.
Во склоп на комплексот има етно ресторан, а во близина има продавници, природа и секако чист планински воздух.

Тука се наоѓа единствениот манастир на балканскиот
полуостров посветен на Сите Светии (Си Свети) што е доста посетуван. Домаќините се организатори на планински
прошетки на Илинска планина која е на 2000 метри надморска
височина. Исто така посета на Мазатар планина или Сталев камен од каде што се
гледаат Охридско и Преспанско езеро.
Доколку сакате да
погледнете повеќе информации за сместувањето, фотографии како и да испратите
барање за резервација кликнете ОВДЕ.