Во срцето на Волково, постои место каде што секој момент се претвора во незаборавно искуство. Тука, на оваа прекрасна приватна локација, вашите настани, прослави и тим билдинг активности добиваат нова димензија. Со капацитет за паркирање на 15 возила, просторот ветува лесен пристап и беспрекорна удобност за секој гостин. Цените можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Идеален за групи до 50 лица, овој простор нуди оптимален комфорт и интимност. Пливајте и релаксирајте се во елегантен базен, дизајниран за 6 лица, и уживајте во сончевите летни денови со стил. Летната кујна е опремена со шанк, мијалник, фрижидер и тоалет, што овозможува лесно и пријатно подготвување и сервирање на храна и пијалаци.

За оние кои бараат релаксација, летниковците, детски реквизити и реквизитите за тим билдинг како пикадо и стрелање нудат забава и опуштање. Просторт е опремен со 10 обични и 3 плетени столчиња, 4 лежалки, една голема маса, озвучување и една прекрасна лулашка.

Просторот се издава сезонски и ота од април до крај на откомври, а доколку времето е топло може да се изнајми и во ноември. Вилата не нуди можност за ноќевање Просторот дозволува влез на домашни миленици.

Локацијата е симбол на прекрасното сонце и атмосфера што
ветува целосна приватност и исклучителност. Доколку сакате да погледнете повеќе
фотографии, да ги погледнете цените и извршите он-лајн резервација, кликнете
ОВДЕ.