Денеска тимот на Кајак се радува што на својата платформа додава уште една прекрасна вила со безен која нуди прекрасен поглед и секако се наоѓа во прекрасна околина.

Домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак велат дека вилата е сместена во викенд населба. Во текот на неделата е прилично мирно и тивко место за уживање. За време на викендите, освен мештаните, може да се сретнат туристи од земјава и странство.

Вилата се издава во целост, не е поделена по апартмани. Што е идеално за патувачи кои сакаат апсолутна приватност. Може да ја закупат дури и двајца, а може и до 6 лица колку што е максималниот број на гости кои може да престојуваат.

Убавината на вилата е дворното место од 1000м2. Истото нуди два базени, еден голем и
еден мал соодветен за помали деца и огромна зелена површина со палми и друг вид
зеленило. Поголедот од вилата е кон езерото и планината, одличен пејсаж за
уживање. Покрај базенот има три лежалки и гарнитура на која може да уживате во
вашето утринско или попладневно кафе.
Сигурно сте
љубопитни за повеќе информации? Доколку сакате конткат за резервација,
фотографии и повеќе информации кликнете ОВДЕ.