За оние кои ја чекаа опцијата да резервираат две дрвени куќички во беровската природа, сега ја имаат таа можност. Официјално се отвори и втората куќичка во туристичката населба Абланица, Беровско езеро.

Оваа уникатна викенд куќичка е идеална за сите кои сакаат да се отклучат од градскиот врев и да се потопат во природата. Куќичката се наоѓа во населбата Абланица, во близина на Берово. Околу неа нема други објекти, што обезбедува мир и приватност. Со модерен ентериер, оваа куќичка нуди дневна просторија, кујна, купатило со турска бања и две спални соби. Климата за ладење и греење, како и каминот на дрва, што и даваат дополнителен „шмек“ на удобноста.

Куќичката е опкружена со природа, а приватниот паркинг и
Wi-Fi ви обезбедуваат услови да ја
преселите вашата канцеларија во природа.
Повеќе информации,
фотографии, како и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.