13.02.2024

Организираме искачување по карпи за сите возрасти

Според Оливер, Македонија е земја која нуди доста можности за ваков тип на спорт. Имаме многу планински и карпести предели ширум државата каде може да се искусат еднодневни авантури.

Организираме искачување по карпи за сите возрасти

Тимот на Кајак.мк е среќен што отсега преку нашата платформа вие можете да резервирате уште една уникатна атракција, а тоа е искачување по карпи во околината на Матка. Да, добро прочитавте, нашата база со активни тури се надополнува со уште една активност која може да ви го исполни слободниот ден. Информации за турата можете да прочитате со еден клик ОВДЕ.


Денеска ќе ве запознаеме со Оливер, нашиот нов локален херој кој цели 19 години се занимава со алпинизам и спортско качување, а како инструктор по спортско качување започнал пред 7 години кога дошол до знаење дека луѓето сакаат да научат нешто повеќе и имаат желба да бидат физички активни.

Според Оливер, Македонија е земја која нуди доста можности за ваков тип на спорт. Имаме многу планински и карпести предели ширум државата каде може да се искусат еднодневни авантури.


Локацијата на која неговиот тим врши обуки за искачување и ги реализира искачувањата е на карпа која се наоѓа на Матка. До самата локација нема воопшто пешачење.

Искачувањата на карпата траат околу 20 минути од лице. Пред отпочнувањето со искачување се врши основна обука за начинот на искачување, за како да се заштитите при одрон или при лизгање, на што треба да се внимава и најважно од се е како да работите со телото и умот истовремено.


Карпата или вежбалиштето е високо 16 мертри и е со оценка 6а, каде веќе има поставено безбедносно јаже познато како top-rope искачување. Возраста на лицата кои може да се искачуваат може да биде од 4 до 70 години, а не е потребно претходно познавање за top-rope искачување.

Доколку сте заинтересирани за искачување треба да се пријавите како група од најмалку 8 лица. Групата треба да пристигне во спортска облека. На терен групата добива опрема која вклучува специјални патики за искачување од сите броеви до 46-ти број, кацига, карабини, гуртни, торбичка со магнезиум.

Карпата се отвора на пролет и се затвора на есен.

За да ја резервирате турата кликнете ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!