Новите сопственици на Спа Центарот и хотел Цар Самуил кој одлучија да инвестираат во ова стратешко место кое има голем потенција, создадоа нова приказна и нов лик на целиот објект.

Преку финансирање на изградба на локални патишта, вработување на локалното население, соработка со археолошкиот институт од Струмица и многу иновативност, новиот менаџмент на „Цар Самуил“ создаде место за одмор и релаксација кој треба задолжитлено да го посетите.

Од пред само една недела е пуштен во употреба новиот СПА центар во Цар Самуил. Модерен и комплетно опремен според сите светски стандарди, гостите овде имаат на располагање рекреативен базен со термална вода, 4 различни типа на сауми како финска, инфрацрвена, хербална и парна бања, ладна када и термално џакузи.

Покрај спа центарот, овде можете да добиете и сместување. Главниот хотел располага со хотелски соби и апартмани, уредени со модерен ентериер, опремени се со бања и тоалет, тв, wi-fi и обезбеден паркинг.

Повеќе информации, фотографии и опција за резервации преку Кајак-
наскоро.