Од 14-ти до 17-ти овој месец во дворот на ресотранот Виа Игнатиа во Вевчани ќе биде организиран првиот Новогодишен Базар чиј влез е целосно бесплатен.

Програмата ќе започнува од 17:00 часот каде секојдневно за најмалите посетите ќе има организирано работилница со помошниците на Дедо Мраз, а организаторите велат дека ќе има и многу чоколадо, крофни, лижавчиња и бонбони.

Во дворот на Ресторанот
ќе има вкусна храна, греено вино и топли напитоци,
Дедо Мраз и мнооогу изненадувања, а секоја вечер програмата ја
збогатуваат музички бендови и изедувачи како поп-рок групата „Батлер, Анита
Мицова, групата Љубојна и Томе Рутбој.

Тимот на Кајак.мк им се восхитува на Виа Игнатиа за иницијативата
да креираат една ваква поразлична предновогодишна приказна.
Се надеваме дека ќе поттикне многу угостители да го
следат нивниот пример.