Добредојдовте во уште една рустична викендица, сместена на самиот брег на реката Пчиња и на влезот од прекрасната Бислимска Клисура. Оваа викендица која од денеска е дел од светот на Кајак.мк е совршено место за бегство од урбаниот хаос, нудејќи уникатно и спокојно искуство во природа.
| Доколку сакате да резервирате кликнете ОВДЕ. |

Викендицата се наоѓа во с. Пчиња, Кумановско и е на само неколку чекори од Бислимската Клисура, што ви овозможува одлична шанса за истражување на овој природен рај. Викендицата е во рурална област, опкружена со убави пејзажи и блиско околно соседство.
Повеќе
информации, фотографии, како и опција за он-лајн резерација ќе најдете со еден
клик ОВДЕ.