25.01.2024

Нашите ракии ги произведуваме од одбрани сорти грозје и со многу љубов

Домашна лозова ракија и еликсир мастика од Тимјаник, семејството Ристиќ со уникатна приказна на Кајак.мк

Нашите ракии ги произведуваме од одбрани сорти грозје и со многу љубов

Пред самиот почеток на викендот, тимот на кајак.мк сака да ве запознае со семејството Ристиќ од село Тимјаник, Неготинско. Горди сопственици на регистрирана дестилерија Слоган, која се наоѓа во атарот на селото.

Повардарие со одлична географска местоположба за нивните лозови насади кои се простираат на 30000 метри квадратни. “Одбрани сорти на грозје, кои со многу љубов ги преточуваме во нашите ракии” – велат сопствениците.


Семејството Ристиќ, вредно и макотрпно работејќи на своите лозови насади произведуваат квалитетни домашни производи. Потврда за квалитетот се и освоените сребрени медали на саемот: WineVision by Open Balkan во Белград.


После напорен ден, тие ни препорачуваат чашка лозова ракија или мастика. Внимателно одбрани сорти на грозје, со двојна дестилација на вински дестилат, со природни состојки како додаток се соврешен спој на чашка традиционален македонски пијалок.


За повеќе информации околу производите и нарачки можете да ја посетите нашата бакалница со еден клик ОВДЕ.


Ни беше задоволство што запознавме едно прекрасно семејство кое негува македонски традиционални пијалаци и се стреми кон нивна промоција и надвор од границите на Македонија. Ви посакуваме уште многу здравици со чашка лозова ракија или мастика. Како што би рекле сопствениците: “На здравје”.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!