Тимот на Кајак.мк ве информира дека од неодама во населбата Лисиче се отвори уште една етно гостилница која им ја препорачуваме на луѓето кои бараат вкусна традиционална храна.

Младиот менаџерски
тим кој стои позади новиот проект наречен „Етно Гостилница Калај“ вели дека целта
од отворањето на една вакво гастро ќоше има цел да го задржи стариот македонски
вкус на специјалитетите, а сето тоа да им го овозможи на гостите по пристапни
цени.
Ентериерот е во
етно стил, музиката и фонтаната чиј жубор постојано се слуша ќе ви овозможат
пријатна атмосфера.

Ресторанот е идален за приватни прослави, разни настани и класични седенки со пријателите и блиското друштво.

Специјалитети кои
ви ги препорачува тимот на Кајак.мк, а кои треба да ги вкусите овде се тавата
„Калај“ која е слична на селското месо и „Калај“ плескавицаа која се служи со
домашен кајмак и лепче.
Повеќе фотографии
и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.