На Кајак.мк конечно можете да најдете сместување со приватно џакузи под отворено небо, и тоа по значително пониска цена во споредба со сите досегашни понуди во Македонија. Оваа нова дрвена вила во Село Глуво Бразда е идеална за љубителите на природата, приватноста и мирот. Доколку некогаш сте сонувале да се релаксирате во џакузи под ѕвездено небо во летна ноќ, сега имате шанса да го реализирате тој сон. И сето тоа – во сопствена атмосфера, далеку од градскиот метеж.
| Повеќе детали за вилата, цена и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |

Вилата е на два спрата, во дрвен стил, со топол ентериер и
комфорен простор за до 6 гости. Располага со кујна, дневен престој, две спални
соби, Wi-Fi, ТВ, клима и приватен паркинг. Џакузито се доплаќа симболично, а
сместувањето чини само 5.000–6.000 денари по ноќевање. Достапна е и за дневни
забави до 20 лица со вклучено користење на џакузи.
На Кајак.мк секогаш први ги објавуваме уникатните сместувања во Македонија, а оваа вила дефинитивно спаѓа во таа категорија. Сместена веднаш над спортскиот аеродром Стенковец, блиску, но доволно оддалечена за вистински одмор. Идеална за парови, мали групи или семејства што сакаат нешто различно.
Повеќе детали за вилата, цена и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.