Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.

Како доказ дека не е битен периодот и временските услови е тимот на „Гете-институт Скопје“ кои изминатиот викенд имаа супер дружење во Демир Капија.

За првпат бевме организатори на снежна атв тура на која поминавме одлично, а тимот на гете-институт кој е претежно составен од жени, докажаа дека се подготвени за вакви атв авантури.
Нашата супер снежна авантура која ја реализиравме во регионот на Демир Капија, ни ја отвори престојната 2025-та година за нови тим-билдинг патувања.

Покрај атв
турите, Кајак Агенција ги организира единствените „Art with a Twist“ секции преку кои работиме на подобрување
на корпоративната комуникација.
Тимот на Кајак.мк е среќен што имаше прилика да се запознае и дружи со вработените од Гете Институт Скопје.