19.02.2026

Македонци отворија „Ракија Бар“ во Чешка: Балканска кујна во срцето на Кладно

Од корените до сонот: Македонска приказна што се служи со љубов во Кладно. Приказни на Кајак.мк кои заслужуваат да ги слоделите.

Македонци отворија „Ракија Бар“ во Чешка: Балканска кујна во срцето на Кладно
Пред да започнете со читање на приказната ве информираме дека истата е достапна на 20 јазици. Доколку живеете далеку од Македонија, а сакате да ги промовирате овие убави приказни, би сакле да ги споделите на јазикот на земјата во која престојувате. За да ги погледнете преводите, кликнете ОВДЕ.

Среќата и успехот не се мерат со географска ширина и должина. Тие не зависат од тоа каде се наоѓаме, туку од тоа колку љубов и посветеност вложуваме во она што го создаваме. Вистинскиот успех се раѓа тогаш кога корените не се забораваат, туку се негуваат и се претвораат во инспирација – во приказна што патува со нас, каде и да одиме.

Кајак.мк отсекогаш верува дека Македонија не завршува на своите физички граници. Таа живее таму каде што сè уште се шири мирисот на домашна кујна, каде што се слуша македонски збор и каде што срцето сè уште чука во ритамот на татковината – дури и илјадници километри далеку од дома.

Денес ве запознаваме со приказната на Антонија Ѓорѓиева и нејзиниот сопруг Кире – луѓе кои ја донеле една од најтешките, но и најхрабрите животни одлуки: да ја напуштат Македонија и да го продолжат својот пат во Чешка. Во градот Кладно, каде денес создаваат нешто свое, искрено и автентично – место што мириса на дом.


Тоа место денеска се нарекува „Ракија Бар“ – ресторан и бар што го носи името на најпрепознатливиот македонски пијалак, симбол на дружење, топлина и традиција.

Антонија раскажува дека идејата за ваков простор се родила пред две години, кога нивната ќерка започнала да тренира во чешки фудбалски клуб, а дружењата со девојчињата и нивните родители постепено се претвориле во заеднички оброци, разговори и споделени балкански вкусови. Токму тогаш, со силна поддршка од сопругот и пријателите, Антонија ја добива храброста да го следи својот најголем сон – да изгради сопствена кулинарска приказна, зачинета со љубов, спомени и среќа од детството.


Иако „Ракија Бар“ се наоѓа на Komenskèho 404 во Кладно, штом ќе зачекорите внатре, ќе се почувствувате како да сте далеку од Чешка. Атмосферата ве носи некаде меѓу топлината на македонскиот дом, кујната на мајките и мирисот на свежо печен домашен леб.

Просторот е уреден со многу љубов и трпение од самата Антонија, со една единствена желба – барем за момент да заборавите дека сте далеку од својот крај по кој сите ние, кога сме во странство, тивко копнееме.

Антонија со гордост вели дека Кире е нејзината најголема поддршка – човекот кој најмногу верува во неа и кој стои цврсто зад секој чекор од оваа приказна. Заедно, тие докажуваат дека кога љубовта и довербата се темелот, сè е возможно.


Менито на „Ракија Бар“ е вистинска ода на македонската и балканската кујна. Денот започнува со традиционален бурек – појадок без кој, како што велат, не поминува ниту еден вистински ден. Потоа следуваат пици, скара што мириса на Балканот, домашен ајвар, кајмак, свежи македонски салати, пиво и, секако, ракијата – пијалакот по кој барот го носи своето име.

„Ракија Бар“ не е само место за јадење и пиење. Тоа е жив доказ дека Македонија живее и надвор од своите граници. Дека традицијата не се губи, туку се пренесува. И дека со љубов, храброст и посветеност, секој сон може да си најде дом – дури и во срцето на Чешка.


Ние ќе продолжиме да ги раскажуваме и поддржуваме ваквите приказни. Ваше е да ги посетувате, споделувате и поддржувате. А доколку сте далеку од „Ракија Бар“, најмалку што можете да направите е да ја споделите нивната приказна – можеби токму вие имате пријатели во или околу Кладно на кои ќе им дадете совршена препорака за вкусен ручек или вечера.

„Ракија Бар“ можете да го заследите на Фејсбук со еден клик – ОВДЕ.

Ве информираме дека истата е достапна на 20 јазици. Доколку живеете далеку од Македонија, а сакате да ги промовирате овие убави приказни, би сакле да ги споделите на јазикот на земјата во која престојувате. За да ги погледнете преводите, кликнете ОВДЕ.

Коментари

Elena Blazhevska 20.02.2026 23:15
Неверифициран

Bravo Kire I Antonija vi posakuvam golem uspeh ,Ako vi trebaat ljugje so iskustvo tuka sum za podrska , mnogu se raduvam za vasata idea

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!