27.01.2026

Македонецот Оливер ја освојува Австралија со своите специјалитети

Тимот на Кајак.мк продолжува со раскажување на сите мотивирачки приказни на Македонците кои живеат во или надовр од Македонија. Нашата платформа „Macedonia Abroad“ прераснува во центар каде се испишуваат сите мотивирачки и позитивни приказни за нашите локални херои

Македонецот Оливер ја освојува Австралија со своите специјалитети
Пред да продолжите со читање на приказната, сакаме да ве информираме дека приказната е преведена на 20 јазици. Без разлика каде и да живеете низ светот, можете да ја споделите приказната на јазикот на земјата каде што се наоѓате, само така ќе ја промовираме Македонија. Преводите се достапни на нашата платформа Macedonia Abroad или со еден клик ОВДЕ.

Со срце полно љубов, со раце навикнати на тесто и со душа што никогаш не ја заборава татковината, приказната на Оливер Наумоски е уште еден доказ дека македонскиот дух нема граници.

Оливер е по потекло од Кичево, град кој засекогаш ќе остане впишан во неговиот идентитет. Денес, веќе четири години, неговиот животен пат го води во далечен Бризбејн, Австралија, каде живее и работи заедно со својата сопруга Татиана и нивната најголема радост – ќеркичката. Иако илјадници километри далеку од Македонија, корените му се длабоко врежани во секој чекор што го прави.


Љубовта кон готвењето кај Оливер не е случајна – таа е присутна уште од детството. Уште од мали нозе го привлекувале експериментите, мирисите и магијата на создавање вкусна храна. Преселбата во Австралија и животот во мултикултурна средина само ја разгореле таа страст, отворајќи му нови хоризонти и инспирации. Сепак, без разлика на новите кујни и вкусови што ги откривал, македонската традиција секогаш останала неговата најсилна врска со домот.

Својата професионална основа како pizza chef ја стекнал во Кичево, во Atva Residence Hotel, каде работел три години од самото отворање. Тој период бил клучен за неговото обликување како готвач. Со голема благодарност го споменува својот пријател Миле Костадиноски, врвен pizza chef, кој му ја подал раката и му дал можност да учи, да расте и да се изгради професионално.


Денес, Оливер е сопственик на уникатен бизнис – приколка за authentic Neapolitan pizza, која целосно сам ја реставрирал од нула. Она што некогаш било horse float, денес е подвижна приказна за труд, упорност и љубов кон занаетот. Целата трансформација наскоро ќе ја сподели преку видеа, како инспирација за сите што сонуваат да создадат нешто свое.

Иако ужива да подготвува јадења со месо, пица, пастрмајлии, бакрдан и други македонски специјалитети, во моментов фокусот е ставен на пицата. Таа се служи директно од приколката, на родендени, кетеринзи, венчавки и најразлични прослави – места каде храната станува дел од спомените и радоста.


Реакциите од оние што ја вкусиле неговата пица се исклучиво позитивни. Секој убав збор, секоја насмевка и секоја пофалба се најголемата мотивација за Оливер постојано да се усовршува и да биде уште подобар во иднина. Неговата храна не е само оброк – таа е приказна, емоција и мост меѓу Македонија и светот.

Контакт:
Instagram: @olis__pizza
Email: [email protected]

Сакаме да ве информираме дека приказната е преведена на 20 јазици. Без разлика каде и да живеете низ светот, можете да ја споделите приказната на јазикот на земјата каде што се наоѓате, само така ќе ја промовираме Македонија. Преводите се достапни на нашата платформа Macedonia Abroad или со еден клик ОВДЕ.

Коментари

Анета Зафироска 27.01.2026 19:39
Неверифициран

Браво зет. Се гордеам на вас и вашите успеси. Ви посакувам уште поголеми успеси во иднина. Поздрав до семејството...

Viktor Arsoski 27.01.2026 18:48
Неверифициран

Sekoja cest za Oliver, samo toj sto probal znae deka podobar vkus nema nikade vo svetov, ako ednas probate poveke nikogas nema da go zamenite ovoj vkus... Bravo Oliver Naumoski

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!