| Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од собите, да ги видите цените и да резервирате, кликнете ОВДЕ. |
На само два и пол часа возење од Скопје, ве очекува целосно поинаква атмосфера: чист планински воздух, мир и уредени, современи планински соби кои нудат комфор и топлина во текот на целиот престој. Овој регион е познат по својата густа борова шума и природна убавина, што го прави идеален за бегство од секојдневието.

По долгото пешачење и истражување на околината, гостите
можат да се релаксираат во спа-центарот и целосно да се препуштат на моментите
на одмор. Новиот хотел на Голак претставува совршена комбинација од природа,
удобност и современ концепт – дестинација која вреди да се доживее.
Хотелот располага со удобни соби и апартман, опремени со сè
што ви е потребно за безгрижен престој – сопствен тоалет, Wi-Fi, смарт ТВ и
внимателно одбран ентериер. Во склоп на објектот се наоѓа ресторан со домашна
кујна и пријатна атмосфера, каде секое утро ве пречекува вкусен појадок.
Дополнително, гостите можат да уживаат во сауна и топлина што доаѓа од
природното греење на дрва и пелети.
Околината на Голак е вистински рај за љубителите на активен одмор – пешачки и велосипедски патеки, планинарски рути, лековити билки и недопрена природа на секој чекор.
Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од собите, да ги видите цените и да резервирате, кликнете ОВДЕ.