| Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии и информации, кликнете ОВДЕ. |
Преку Кајак.мк ексклузивно можете да резервирате СПА викенд во најдобриот и најнов СПА хотел во Македонија – Atva Residence Hotel. За да ги погледнете цените кликнете ОВДЕ. Со најниски цени на пазарот и внимателно селектирана понуда, Кајак.мк ви овозможува премиум СПА доживување кое досега недостасуваше на македонската туристичка сцена.

Лоциран на само 5 километри од Кичево, во мирната околина на с. Долно Добреноец, Atva Residence е модерен хотел со четири ѕвезди, создаден за целосна релаксација во текот на целата година. Хотелот располага со нов, затоплен базен, rooftop СПА центар со џакузи, релакс зона и фитнес, нудејќи вистинско бегство од секојдневието и урбаниот метеж.

Престојот е надополнет со врвно гастрономско искуство во Atva Kitchen & Bar, концепт ресторан кој нуди интернационално мени инспирирано од светската гастрономија, како и селекција на квалитетни вина од домашни македонски винарии. Секој детаљ е внимателно осмислен за гостите да уживаат во комфор, стил и беспрекорна услуга.
| Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии и информации, кликнете ОВДЕ. |
Atva Residence Hotel е препорака на Кајак.мк за сите кои сакаат да си подарат себе си или на своите блиски едно незаборавно, релаксирачко СПА патување. Доколку барате луксуз, мир и квалитет по најповолни услови – ова е местото каде што започнува вашето совршено СПА доживување.