Доколку посакувате вистинска авантура и дружење со вашите најблиски пријатели, семејство или колеги од работа, тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска можете да нурнете длабоко во срцето на Малешевските планини и да престојувате во вила која има капацитет за 14 лица.
| Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Вилата располага со 14 кревети распределени во пространи соби и апартмани, секоја опремена со нови кревети и телевизор, што го прави местото идеално за поголеми групи кои сакаат да уживаат во своја приватност и комфор. Кујните се целосно опремени, што овозможува гостите да се чувствуваат како дома, приготвувајќи омилени јадења и уживајќи во оброците на балконот кој нуди прекрасен поглед.

Забавата е загарантирана со билјард маса и електрично пикадо
поставени во дневниот простор, каде што може да се организираат вечерни дружења. За оние кои бараат малку повеќе
активност, околината на Беровското Езеро нуди изобилство од шеталишта и места
за прошетка, каде што можете да вдишете свеж планински воздух и да се релаксирате во недопрената
природа.
Доколку сакате да
погледнете повеќе фотографии, повеќе информации и да извршите он-лајн
резервација, кликнете ОВДЕ.