Тимот на Кајак.мк е среќен што отсега ви овозможува уште една тура со коњи, која тура поради временските услови ќе се реализира преку зимскиот период. Наместо Охрид, Галичник, Маврово или Калин Камен, денеска ве водиме на турата Клепа, која рута на движење се наоѓа во регионот на Градско.
Ранчот со целосно дресирани и питоми коњи се наоѓа во близина на селото Долно Чичево, кое село е во близина на Сирково.
| Доколку сакате да ја резервирате турата кликнете ОВДЕ. |

Турата претставува планинско јавање кое ќе ве однесе низ овоштарниците и разгранетите лозја, патека која ве води до прекрасниот врв Клепа со неверојатен поглед кон Тиквешките лозја.
Секој чекор по оваа патека открива нов пејзаж, нудејќи ви
шанса да застанете и да вдишете животот на природата која ве опкружува.
Јавањето на коњ е прилагодено за сите нивоа на искуство, овозможувајќи ви да
уживате во спокојот и убавината на патувањето без оглед на вашите вештини.
Повеќе
информации, фотографии, како и опција за резервација ќе најдете со еден клик
ОВДЕ.