Охридското Езеро е најубаво кога се доживува од вода. Токму затоа, на Kajak.mk сега можете да резервирате катамарански тури кои ве водат до некои од највпечатливите локации долж охридското крајбрежје – од романтичната Пештера на Љубовта кај Лабино, преку Заливот на Коските и Манастирот „Св. Наум“, па сè до живописното село Радожда.
Во понудата се достапни кратки панорамски крстарења, целодневни тури, пловидби со дегустација на локални вина, тури до Сините Лагуни, како и можност за приватно изнајмување на катамаран за семејни прослави, родендени, корпоративни настани или дружење со пријателите.
Секоја тура е внимателно организирана и овозможува да ги откриете природните убавини, културното наследство и најатрактивните предели на Охридското Езеро од сосема поинаква перспектива.
Повеќе информации за сите достапни тури, програмите и испраќање барање за резервација можете да најдете на Kajak.mk.
https://kajak.mk/atrakcija/katamaran-turi-ohrid