20.02.2025

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво

За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво

Еј друштво, компании, авантуристи! Ни доаѓаат топлите денови од годината, а со тоа треба да почнете да размислувате каде да поминете еден добар викенд! Тимот на Кајак.мк е подготвен во целост да ви организира еден прекасен викенд во Мариово, исполнет со многу активности, дружење, опции за ноќевање, вечерни седенки покрај логорски оган и слично.

Турата и деталите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.


Денеска сакаме да ве информираме дека од годинава започнуваме и со организирање на кањонинг авантури по познатата Градешка река, која е река што можеби ја има на најмногу македонски филмови. Од познатиот мост во село Зовиќ, низ прекрасниот кањон на реката Градешка, па се до панорамски поглед на цело Мариово.

За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“.


 За оние коишто за првпат се сретнуваат со поимот „Кањонинг“, еве мал информативен параграф:

Кањонингот е авантуристичка активност која подразбира поминување-пешачење низ кањони кои се наоѓаат во подножјата на планините во фасцинантна и негибната природа, притоа совладувајки ги природните пепреки како на пример, водопади, каскади, природни базени ( вирови) и слично.Во таа прилика може да се користат различни вештини на пешачење и техники на качување и спуштање, спуштање со јаже, пешачење по експониран терен или воден тек, протнување низ тесни процепи, скокање во вода и пливање. Кањонингот е погоден за поединци, парови, поголеми групи и семејства, сезоната трае од Мај до Октомври.  Ова е активност која се изведува со професионални и искусни водичи на терен кој е претходно обезбеден и затоа не ви треба искуство за да го доживеете кањонингот. Единствено потребно е да знаете да пливате  и желба за адреналинска авантура. Со помош на професионалецот до вас, ќе можете да се справите со повеќе пречки и да достигнете подалеку во кањонот отколку што инаку би можеле.

Доколку сакате да ја погледнете турата, да дознаете повеќе информации и цена, кликнете ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!