06.02.2026

Отворено ново приватно СПА искуство на Беровското Езеро

Со Кајак.мк до сите спа сместувања во Македонија и надвор.

Отворено ново приватно СПА искуство на Беровското Езеро

Вила Иван на Беровско езеро го користи нашиот систем Booklox.mk кој ви овозможува дирекно да ги гледате цените на Кајак.мк без да праќате барања па да чекате домаќините да ви одговорат. Ова е голем чекор напред за сите домаќини кои саакат да бидат брзи и ефикасни со резервациите. Затоа слободните термини на вила Иван на Кајак.мк можете секогаш да ги гледате со автоматско пребарување.

Да ги погледнете термините и цените, кликнете ОВДЕ.


Од оваа сезона, Вила Иван ја надгради својата понуда со нова релаксирачка СПА зона која е достапна за сите гости. Во мирна и приватна атмосфера ќе можете да уживате во модерно џакузи и сауна – совршени за опуштање по активен ден покрај езерото или прошетки во околината. Оваа нова опција е идеална за парови кои бараат романтичен бегство или за секој што сака да го надополни својот престој со вистинска релаксација.


Вила Иван е идеална дестинација за сите кои бараат мир, удобност и непосредна близина до природата на Беровско Езеро. Сместена на кратко растојание од езерото, ова прекрасно место нуди комфорни апартмани со пространи дневни, опремени кујни, камини за топол амбиент и приватен паркинг, идеално за семејства и пријатели кои сакаат незаборавен одмор во природа.


Покрај специјалните СПА услуги, вилата располага со летен базен, детско катче, летниковец и голем двор опремен со скара, што вашата посета ја прави уште поцелосна и пријатна. Локацијата нуди и прекрасен поглед кон боровата шума и езерото, што создава автентична атмосфера на тивка и опуштена околина за целосно уживање.

Да ги погледнете термините и цените, кликнете ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!