Тимот на Кајак.мк ви нуди уште едно незаборавно искуство за оние мали групи до 9 лица кои бараат места на кои ќе може да ја искусат новата приказна на Македонија. Кога зборуваме за нова приказна, под тоа сметаме на малите семејни винарии кои произведуваат квалитетно вино достапно за македонскиот пазар.
| Сместувањет можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ. |
Денеска ве водиме во Пепелиште, село кое се наоѓа во околината на Неготино, непосредно до автопатот. Во самото село се наоѓа семејната винарија Максимилиан, во која од денеска имате можност да ноќевате. Па оттука ова можност ви обезбедува пакет викенд патување со вашите блиски роднини, пријатели или колеги.

Идеална опција и за малите компании кои бараат опции за тим билдинг. Винаријата располага со 3 соби за ноќевање и визба за дегустација на вино и друштвена седенка. Повеќе информации за сместувањето, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.