Тимот на Кајак.мк секогаш ви ги дава најдобрите предлог локации каде можете да вкусите нешто добро, локално и да уживате во прекрасен амбиент. Нашата мисија е да ги пронајдеме местата каде гастрономијата, природата и домашната атмосфера се спојуваат во едно автентично искуство.
Од денеска Ловен Дом Берово е нашиот предлог за одличен гастро викенд.

Сместен во прекрасната природа на Малешевијата, Ловен Дом е
место кое веднаш ве освојува со својот природен амбиент, мирот на шумата и
топлата, традиционална атмосфера. Ова е локација каде времето како да забавува
– идеална за викенд бегство од градската динамика и за уживање во добар ручек
со семејството или пријателите.
Она што го прави Ловен Дом посебен е неговата автентична кујна. Менито е инспирирано од традиционалната македонска гастрономија и локалните малешевски рецепти. Тука можете да вкусите подготвени јадења со домашни состојки, богати месни специјалитети, традиционални македонски тавчиња и вкусови кои потсетуваат на вистинска домашна трпеза.

Амбиентот е уште една причина зошто ова место е совршено за
викенд ручек. Просторот е уреден во ловечки и планински стил, со дрвени
елементи, топла атмосфера и поглед кон природата што ве опкружува. Во
пролетните денови, кога природата се буди, престојот тука добива посебна магија
– свеж воздух, зеленило и чувство дека сте далеку од секојдневниот метеж.
Освен гастрономското уживање, Ловен Дом нуди и активности во природа кои го прават викендот уште поинтересен. За посетителите има тури со коњи низ прекрасната природа на Малешевијата, а до 31 мај важи промотивен попуст од 20% за сите тури.

Новина во понудата е и стрелање со лак и стрела, како и со воздушни пушки, што претставува одлична активност за љубителите на адреналин и прецизност. Цената изнесува 400 денари по лице, што вклучува 10 дијаболи/метаци и 5 стрели, а и за оваа активност важи промотивен попуст од 20% до 31 мај.
Доколку сакате да резервирате тура со коњи и лак и стрела, кликнете ОВДЕ.
Ловен Дом е идеална дестинација за:
- семеен
викенд ручек
- гастро
прошетка во Малешевијата
- активен
ден во природа
- опуштено
дружење со добра храна и интересни активности
Ако планирате пролетно гастрономско бегство, Берово и
Малешевскиот регион се секогаш добра идеја. А кога веќе сте таму, Ловен Дом е
место кое вреди да се посети.