19.05.2025

Првото сместување во Лозово кое ги отвори вратите за светот на Кајак.мк

Ова е првото сместување од Лозово што станува дел од платформата Кајак.мк, и нуди вистинско бегство од градската врева.

Првото сместување во Лозово кое ги отвори вратите за светот на Кајак.мк

Ова е првото сместување од Лозово што станува дел од платформата Кајак.мк, и нуди вистинско бегство од градската врева. Апартманот се наоѓа веднаш на магистралниот пат Велес–Штип, лесно достапен и совршен за кратки или подолги викенд престои. Сместувањето е целосно опремено, со пространи соби, тивко соседство и приватен паркинг. Идеално е за парови, семејства или пријатели кои сакаат удобност во рурална средина.

Повеќе информации за сместувањето ќе најдете со еден клик ОВДЕ.


Апартманот располага со две спални соби со брачни кревети и гарнитура на пуштање во дневната соба – доволно простор за 6 лица. Кујната е комплетно опремена, а дворот е уреден и создаден за утрински кафиња или попладневно скара дружење. Постои и простор за оставање велосипеди, што го прави одличен избор за љубителите на активен одмор. Греењето и ладењето е решено со клима уред, а Wi-Fi е достапен низ целиот простор.

Во близина се наоѓаат езерото Младост и селото Бекирлија, каде што е сниман познатиот документарец „Медена Земја“. Лозово е мирна рамничарска средина, совршена за оние што сакаат селски викенд уживања, но и брз пристап до Велес и Штип. Со пријателски домаќини, можност за self check-in и прифат на домашни миленици, ова е новата рурална оаза на мапата на Кајак.мк. Резервирај и доживеј едноставен, но автентичен престој во срцето на Македонија.

Повеќе информации за сместувањето ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!