Дали некој од вас слушнал за регионот Полаки, кој се наоѓа на 15 километри од Кочани, на Осоговските планини и на 900 метри надморска височина? Овој отцепен предел во Македонија, за кој ретко се слуша, а камоли да се посети, е доста уникатно по старите села од разбиен тип со стара архителктура која е типочна за Осоговскиот дел на Македонија.
| Викендицата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Тимот на Кајак.мк
е среќен што успеа да допре и до ова дестинација и да ви изнајде сместување кое
е идеално за секој авантурист и вљубеник во Македонија и нејзините недопрени предели.
До самиот предел се престигнува преку Кочани, кон селото Припор, поминувате покрај црквата Св. Илија и продолжувате по патот кој води кон село Полаки. Денеска овој регион е скоро целосно иселен, а во селото живеат без малку 30 жители.

Фото: Кирил Сименовски
Ние како
платформа за промоција на секое место во Македонија сме сигурни дека многу од
вас ќе покажат интерес да ги истражат убавините на Полаки и да ја посетат
реката Бела.
Викендицата која
можете да ја резервирате преку Кајак.мк има капацитет за 8 гости или можеби
група авантуристи или семејство кое сака да ги одведе своите деца на планина.
Викендицата има
заграден двор од 3000м2, место за скара, видиковец, а во дворот има дабова
шума, овошни насади, а има и зеленчукова градина.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии, како и опција за он-лајн
резервација, кликнете ОВДЕ.