Почитувани патувачи, тимот на Кајак.мк сака да ве извести дека сместувањата во Крушево добија уште една сериозна конкуренција. Од 15-ти декември ги отвораат вратите за нови гости!
| Погледнете ги слободните термини на куќичка 1 со еден клик ОВДЕ. |
| Погледнете ги слободните термини на куќичка 2 со еден клик ОВДЕ. |
Станува збор за две куќички кои како што домаќините ги нарекуваат се наоѓаат на Врвот од Балканот, а точната локација гостите ја добиваат откако ќе извршат и потврдат резервација, бидејќи честопати се случува да пристигнат гости кои не резервирале и да ги вознемируваат гостите кои веќе престојуваат таму. Затоа да бидеме туристи со времето и како што е редот, прво резервирајте и потврдете, а потоа патувајте.

Една куќичка има простор од 70 метри квадратни и располага со 2 спални соби од кои едната е со брачен кревет, а другата е со два единечни кревети. Дневниот простор е од 40 метри квадратни и има кревет на развлекување каде може да спијат уште 2 лица.

Секоја куќичка е
опремена со купатило и тоалет, кујна, тв и wi-fi, паркинг, две тераси за уживање, греење и ладење, а
резервации се вршат на минумум 2 ноќевања.
Повеќе информации
за куќичките, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.