16.12.2025

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Со години наназад тимот на Кајак.мк ги раскажува уникатните приказни за локалните херои во Македонија, кои со својата посветеност прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот и зачувување на традицијата. Нашите приказни имаат цел да инспирираат млади луѓе да размислуваат поинаку од своите врсници и да се насочат кон локалното, кон производство, туризам и угостителство. Денеска ќе ве запознаеме со селското домаќинство Костадинови, кое ја отвори својата врата за туристи, носејќи магија од мириси, вкус и традиција во срцето на Габрово.


Сè започна во 2007 година, кога првите туристи пристигнаа на иницијатива на сограѓанин од Холандија, г. Васко Коциров, долгогодишен туристички професионалец. Тој имаше визија да ги воведе странските и домашните посетители во автентичниот селски живот, а локалното домаќинство го прифати предизвикот. На почетокот, имотот беше скромен: куќа стара 50 години со 60 м², неколку помошни објекти и парче земја за производство на органско овошје и зеленчук.

Со текот на времето, местото прерасна во целосно уреден агро-туристички комплекс: летниковец за сместување на 30 гости, простор за кампување, соба за ноќевање со две легла, летно купатило, монтажен базен и сопствен паркинг. Туристите имаат можност да учествуваат во подготовка на храната – од месење леб и вадење од домашната фурна, до сечење кромид, подготовка на зелник и баница, дегустација на домашни ликери, ракија и сезонско овошје.


„Сакавме гостите да почувствуваат како изгледа еден вистински селски ден, да учествуваат во подготовката на храната и да ја вкусат магијата на Габрово“, вели сопругата Валентина. И навистина, туристите го прават токму тоа: ги мешаат рацете во тестото, го вадат лебот со пекарска лопата, учествуваат во бербата на овошје и зеленчук за нивниот сопствен ручек, и неколкупати прашуваат за рецепти кои потоа ги носат дома како спомени.

Но, селското домаќинство не нуди само храна. Гостите можат да одат на прошетки до Беласица и Огдажден, водени од локален водич – искусен собирач на билки, печурки, костени, диви јагоди и боровинки. Исто така, можат да пробаат тркачки тури со трактор, или да учествуваат во кулинарски часови, каде подготвуваат ајвар, лутеница, слатко, сокови и компоти од сопственото производство.


Магијата на ова место е во мирисот: топлиот леб, тавче гравче, зелник, баница, домашни специјалитети од тенџерето, овошје од фармата, ликери и ракија. Сите овие ароми ги привлекуваат туристите кон шпоретот на дрва, а на крајот – нивните спомени, фотографии и потписи во гостинската книга остануваат како трајни сведоштва за емоцијата што ја носат со себе.

Семејството Костадинови има визија да го прошири капацитетот, да ја унапреди кујната и санитарните простории и да развие фарма за домашни животни. Целта е да се привлечат повеќе гости, да се задржат децата во родното огниште и да се инспирираат и останатите соселани кои се иселени, за да ја продолжат приказната на локален развој и зачувување на селото како туристички потенцијал.


Селското домаќинство „Костадинови“ создава искуства кои остануваат во сеќавање – од мирисот на топлиот леб до вкусот на домашните специјалитети и енергијата на селскиот живот. Овде секој гостин понесува дел од магијата на Габрово, која ги инспирира и враќа кон локалното.

Коментари

Bas Franssen 17.06.2026 10:36
Неверифициран

We were lucky enough to enjoy three breakfasts and two dinners in this wonderful little paradise, right next to our accommodation. Kostadin’s hospitality and Valentina’s cooking made every meal feel special. The welcome dish of rice with chicken was delicious, and the moussaka was absolutely wonderful. And of course, we cannot forget Kostadin’s own talent: the Mastika was simply excellent! I can wholeheartedly recommend this pearl in the Balkans!

Igor Atanasov 18.12.2025 10:12
Неверифициран

Preubava Ideja, preubavo mesto, preubavi luge!! Sekoja cest i samo nastavete ponatamu taka

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!