26.02.2025

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани

Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани

Нема ништо поубаво на светот од моментот кога родителите ги учат своите деца на работа уште од мали нозе. Да им го пренесат занаетот, да ги едуцираат и ги вклучуваат во сите свои работни обврски, а без притоа да им го одземат детството.

Тимот на Кајак.мк отсекогаш ги нарекувал ваквите луѓе – „Локални херои“, бидјеќи градењето на темелите на здравото општество лежи токму тука.

Денеска ве водиме во селото Виничани, каде ќе ви ја раскажеме приказната на семејството Велиновски, кои имаат отворено една уникатна македонска фарма, поразлича од фармите за кои досега сме пишувале.


На оваа фарма не се одгледуваат овци или крави, туку питоми магариња. Фарма со над 40 магариња која произведува органско магарешко млеко, именувана како „Фармата на Тео“.

Објектот го гради Ристо Велиновски, а почетоците на оваа уникатна приказна се од 2019-та година, кога воедно ги „вдомува“ првите магариња.

Велиновски, вели дека на почетокот имал мал број магариња, но пасијата и љубовта кон работата го поттикнале да го зголеми бројот, за денеска да има над 40 магариња.

Начинот на одгледување и чување магариња не е поразличен од начинот на одгледување други домашни животни на фарма. Секое животно на кое ќе му посветиш љубов и вниманите ти возвраќа со исто толкава љубов на негов начин. Исто така, секое животно има свои добри и лоши денови како и луѓето. Но најважно од се е да го сметате животното како дел од своето семејство, за да можете да му ги разберете маките и проблемите.


Најголемата поддршка во работата Ристо ја добива од својот помал син Teo, со кого можете често да го затекнете и на саемите за здрава локална храна низ Македонија.

Teo често оди со својот татко на пасиштата кои се во нивна сопственост, а кои ги користат за да може магарињата да пасат свежа трева во толата сезона.

Отвореното поле им овозможува на магарињата да се чувствуваат среќно, а доколку животното е среќно и не е под стрест, тогаш и млекото ќе биде поздраво, а кога сме кај млекото, за разлика од кравата, овцата или козата, една магарица дневно може да произведе од 200 до 300 грама млеко, а периодот кога таа дава млеко е од 2 до 3 месеци, во зависност од лактацијата.


Ова млеко за разлика од млекото од кравата, овцата или козата, најчесто се конзумира за подобрување на имунитетот и дишните патишта, но не и за дневна замена на храна. Пред се поради цената која по која се продава на пазарот, но и поради ниската масленост која не ја заситува гладта кај човекот.


Ристо вели дека Хипократ кој се смета дека е татко на медицината препознал дека магарешкото млеко може да му помогне многу на човекот од аспект на дишните патишта, инумитетот, а научно е докажано дека лекува преку 20 болести.

Млекото се продава како свежо, без обработка на други млечни производи и може да се купи дирекно од фармата на Велиновски, или пак можете да го нарачате преку бакалницата на Кајак.мк, со еден клик ОВДЕ.

Оние кои веќе го испробале овој здрав начин на подобрување на имунитетот го бараат го купуваат редовно, а другите се уште се запознаваат со млекото. 

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!