03.06.2025

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!

Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!

Тимот на Кајак.мк реализираше уште еден незаборавен team building во Грција на прекрасна дестинација покрај морскиот брег, овој пат за компанијата SEMOS CLOUD. Над 100 вработени поминаа два незаборавни дена исполнети со сонце, смеа и тимска енергија. Две вечерни забави ја кренаа атмосферата на повисоко ниво, додека преку ден се одвиваа возбудливи тимски натпреварувања. Секој момент беше совршена прилика за зближување, забава и градење на подобра конекција.


Со една реченица- SEMOS CLOUD го донесе летното сонце и ја отвори сезоната!

Секоја активност беше внимателно организирана за да поттикне соработка, креативност и нови пријателства меѓу учесниците, а вработените на SEMOS CLOUD блескаа со својот натпреварувачки, но тимски пристап кон секој предизвик.


Овој тим билдинг не беше само уште едно патување, туку вистинско искуство кое ќе го паметиме. Засилувањето на пријателствата, незаборавните моменти и заедничките победи создадоа основа за уште посилна соработка во иднина. Благодарност до SEMOS CLOUD за покажаниот тимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да биде дел од овој тим? :)


Повеќе за компанијата можете да дознаете со еден клик ОВДЕ и ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!