Тимот на Кајак.мк постојано вели дека суштината на животот е да го поминеме слободното време со луѓето кои ги сакаме. Не ни треба повод за патување или дружење ако околу нас ги имаме луѓето кои ги сакаме, бидејќи со нив можеме да патуваме и да се дружиме секој ден од годината, без никаков посебен повод. Тоа е вистинското богатсво и суштината на живеење.
| Повеќе детали и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Кајак.мк не промовира само туризам, туку промовира начин на живеење. Нашите сместувања и дестинации не се наменети за прослава, алкохол, гласна музика, туку се наменети за поминување квалитетно време во природа каде ќе бидете изолирани од секојдневниот хаос и стрес. Каде ќе може да имате активности во природа заедно со вашите деца, каде ќе можете да му се радувате на животот заедно со вашите пријатели и роднини.
Денеска, Кајак.мк ве води во подножјето на Водно, во близина на Маркова Сушица, каде до самиот брег на Маркова Река, се наоѓа една прекрасна вила која располага со простран двор и базен, опколена со густа шума, која ви нуди можност за еднодневна изолација во природа.
Домаќините на вилата нудат можност за изјамување на дворниот
простор, летната кујна и базенот за еднодневни уживања за цело семејство или
друштва.
Уникатниот приватен висечки мост наменет за гостите вилата
ви овозможува вистинско доживување со самото пристигнување. Самиот простор има
и надворешна фурна, тоалети и комплетна
изолираност.
Повеќе информации, фотографии и опција за резервација можете
да најдете со еден клик ОВДЕ.