На Кајак.мк од денеска е достапно уште едно уникатно планинско сместување кое ќе ве остави без здив. Камената планинска вила во Суви Лаки- отцепена од реалноста и опколена со густа шума, создавајќи чувство на вистинска изолација и мир. Со својата автентична архитектура и природна енергија, вилата е совршен избор за оние што сакаат бегство од секојдневниот метеж.
| Доколку сакате да ја резервирате вилата кликнете ОВДЕ. |

Вилата располага со три пространи соби со вкупно четири кревети, а може да прими до пет гости. Опремена е со сè што е потребно за удобен престој – модерна кујна, Wi-Fi, клима и парно греење, како и приватен паркинг.
| Доколку сакате да ја резервирате вилата кликнете ОВДЕ. |

Околината е вистински рај за љубителите на планината и авантурите. Гостите можат да уживаат во планинарење, прошетки низ природата и активности кои го исполнуваат телото и духот.

Секојдневно расте конкуренцијата на уникатни сместувања во Македонија, а се повеќе македонци инвестираат во вакви планински бисери. Ваквите вили не се само сместување, туку вистинско искуство кое останува во сеќавање. Кајак.мк продолжува да ја збогатува својата понуда со автентични места кои го раскажуваат духот на земјата. Камената вила во Суви Лаки е уште еден доказ дека македонската природа и гостопримство создаваат совршена комбинација.
| Доколку сакате да ја резервирате вилата кликнете ОВДЕ. |