Тимот на Кајак.мк е среќен да ви ја сподели ова убава вест, а тоа е дека во Југоистокот на Македонија ни се отвори уште еден прекрасен и уникатен агротуристички комплекс кој има цел да ја промовира локалната храна и животот во село Габрово.
| ТИМОТ НА КАЈАК.МК РАБОТИ НА МОМЕНТОТ ДА ГО ДОДАДЕ СМЕСТУВАЊЕТО СО ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ! |
На само неколку километри од Струмица, веднаш до живописното село Габрово – познато по својата недопренета природа и Габровските водопади – се отвори нешто сосема ново и инспиративно: хациендата Лоуисандро, првиот агротуристички сместувачки комплекс во југоисточна Македонија.

Фото: Официјална фејсбук страница на градоначалникот Kosta Kostadinov
Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија. Зад овој проект стои Васко Коциров, струмичанец кој по повеќе од две децении живот и работа во Холандија, одлучи да се врати дома и да започне нешто што ќе го оживее руралниот туризам во регионот.

Преземено од: KTM Voyage страница на фејсбук
Хациендата располага со седум удобно уредени соби, а гостите тука може да уживаат во мирот на природата, домашна здрава храна од сопствено производство и атмосфера што наликува на вистинска оаза за бегство од градскиот метеж.
Идејата е едноставна, но силна: да се понуди искуство што ги спојува традицијата, локалната гастрономија и автентичниот селски амбиент. Наскоро очекувајте повеќе детали.