05.08.2024

За првпат во Македонија се издава реновирана селска куќа во село Белче, Демир Хисар

Тимот на Кајак.мк е среќен што за првпат ви овозможува да резервирате униката селска куќа во село Белче. На идеална надморска височина од 600 метри и позиционирана на одлична локација, оваа реновирана куќа е идеална за истражување на целиот регион.

За првпат во Македонија се издава реновирана селска куќа во село Белче, Демир Хисар

Тимот на Кајак.мк е среќен што за првпат ви овозможува да резервирате униката селска куќа во село Белче. На идеална надморска височина од 600 метри и позиционирана на одлична локација, оваа реновирана куќа е идеална за истражување на целиот регион.

Куќата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.

Доколку нѐ прашувате што е тоа кое може да се посети во овој крај, со задоволство би истакнале многу локални дестинации. На прво место треба да ви биде посетата на најстарата библиотека на Балканот во село Бабино, посета на куќата на Петре М. Андреевски во село Слоештица, посета на историското село Смилево, посета на Слепче и ресторанот Горна Куќа, како и ресторанот „На Валајци. Овде е селото Вирово познато по изработката на јамболиите, како и Брезово.


Куќата е идеална за цело друштво или едно семејство. Располага со 3 соби и со капацитет за 7 лица. Со пространо спокојно дворче и природа, ова куќа може да биде вашата следна дестинација за незаборавен викенд.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии, како и да испратите барање за резервација, кликнете ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!