05.05.2025

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Тимот на Кајак.мк е среќен што конечно започнува една нова уникатна приказна во потрага по македонски тартуфи! Овојпат по цена достапна за сечиј џеб, а која тура дефинитивно ќе ви овозможи еднодневно поинакво доживување.

Кајак.мк ве води во регионот на планината Перен, Крива Паланка и околината на Куманово, каде низ прекрасен шумски предел вие ќе имате можност да се дружите со нашиот локален водич и неговите две дресирани кучиња Артур и Ава, кои се од познатата италијанска раса Lagotto Romagnolo, а кои важат за најдобри ловци на тартуфи.

Цените на турите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.


Антонио е млад и амбициозен ловец на тартуфи кои ги знае сите информации за секој вид на тартуф, знае добро да ве запознае и информира со разни тартуфи, нивниот начин на конзумација, чување и користење. Потекнува од семејство кое повеќе од 50 години се занимава со пронаоѓање на разни видови печурки. Ваквата љубов кон печурките ја добива од неговото семејство, со што му се раѓа идејата да започне со организација на тартуфи.

Неговите две кучиња се неговите секојдневни пријатели кои се дресирани да пронаоѓаат секаков вид на тартуф во текот на цела година.


Секој кој ќе се одлучи за да резервира една ваква тура треба да знае дека уникатноста во турата е тоа што уживате шетајќи во природа заедно со кучињата кои трагаат пред вас, но треба да знете дека не секогаш може да се пронајде тартуф, или како што постарите велат- Да се пронаоѓаше тартуфот лесно немаше цената на црниот тартуф по килограм да достигнува цена и од 600 евра. Без разлика дали би ја имале таа среќа да пронајдете тартуф, деустацијата и вкусувањето на свеж тартуф ви се секогаш достапни во турите.


НА РАСПОЛАГАЊЕ СЕ ДВЕ ТУРИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ РЕЗЕРВИРАТЕ:

-ПРВАТА ТУРА Е ВО РЕГИОНОТ НА КУМАНОВО:
Стартната локација се договара со водичот кој ве чека на алсфатен пат во околината на Куманово, до каде можете да пристигнете со секакво возило. Турата започнува од асфалтен пат, па продолжува низ шумата каде се трага по тартуф заедно со водичот и кучињата. За време на трагањето водичот ќе ви раскаже се за тартуфите, за начинот на пронаоѓање, дресирање на кучиња. Откако ќе заврши турата вие ќе дегустирате разни производи кои ги произведува семејството како мед со тартуф кој се користи како додаток на овошни салати. Исто така ќе имате можност да дегустирате ракија со тартуфи. Вклучена е и дегустација на свеж тартуф. Ова тура трае околу 4 часа.

-ВТОРАТА ТУРА Е ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА НА ПЕРЕН ПЛАНИНА
Турата стартува од асфалтен пат до каде може да пристигнете со секаков тип на возило. Водичот ве чека на локацијата и ве презема со 4x4 теренско возило каде заедно со кучињата ве води на надморска височина од 700 метри на планината Перен. Се пристинува во викендица на планината каде имате кратка пауза, па стартувате со ловот на тартуфи. По завршувањето на ловот се враќате назад во викендицата каде имате организирано пикник ручек со локални специјалитети со тартуф и ракија. По завршувањето со ручекот се враќате назад кон стартната локација. Ова тура може да ја резервираат од 2 до 4 лица. Доколку бројката е поголема од 4 лица, транспортот ќе се изврши со повторно враќање на дел од гостите.

Доколку сакате да ги погледнете цените на турите и да извршите резервација, кликнете ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!