30.01.2025

Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај

Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.

Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај

Тимот на Кајак.мк со полна пареа работи на промоција на новите уникатни тури кои ќе се реализираат од 2025-та година!

Денеска, ве водиме во битолскиот крај, односно во село Кравари, каде се наоѓа новиот ранч за коњи „Кјк Букефал“. Опколен со прекрасна природа и на мирна локација, ранчот не нуди само атракција за јавање, туку нуди спокој и бегство од градскиот хаос и работниот стрес. Ранчот го оддржува професионален тим составен од 5 членови кои од професионални јавачи, фотографи до едукатори, ги едуцираат и анимираат гостите кои доаѓаат овде. 

Доколку сакате да ги погледнете и резервирате турите кликнете ОВДЕ.


Но што е тоа што нам во Кајак.мк нѐ прави среќни?

Тоа е информацијата дека турите со коњи ќе им овозможат на сите туристи да ги посетат прекрасните планински села како што се Смолево, Велушина, Бистрица. Ќе им овозможи на туристите за првпат да јаваат на Пелистер, каде ќе имаат можност да ги посетат прекрасните манастири, да запознаат многу локални мештани и да вкусат домашна традицијална храна, што можеме да потврдиме дека ова е дефинитивно вашиот нов „Повик од дивината“.


Ранчот во моментот располага со 6 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи. Што значи дека засега групите јавачи може да бидат максимум до 5 лица. Ранчот има доста млади ждребиња кои “го печат“ занаетот за веќе од наредната година да бидат на располагање на туристите.


Тимот на „Букефал“ вели дека го одбрале селото Кравари како локација за отварање на ранчот поради блискоста до Битола која е 5 километри, а исто така, селото изобилува со големи живописни ливади кои се погодни за добар тренинг на коњите преку цела година. Кравари има авентичен селски мир и спокој. Турите со коњи не би биле комплетни доколку не се вклучи локалната традиционална храна, па оттука домашните пити, локалното сирење и зеленчук се неизбежен дел од турите.


За оние кои размислуваат дали да резервираат една ваква тура, треба да имаат предвид дека секој посетител добива обука пред тргнување, а во турите е вклучено професионално фотографирање и преведувач на англиски јазик доколку станува збор за странски туристи.

Доколку сакате да прочитате повеќе детали за турите и да стапите во контакт за резервација на турата, кликнете ОВДЕ.

Коментари

Сè уште нема коментари.

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!