02.11.2025

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

Кајак.мк засади нови 1700 дрвца – за сите нови 1700 онлајн резерваци извршени во изминатиот период.

Нашиот концепт е јасен: Со секоја онлајн резервација преку Кајак.мк- Вие донирате и засадувате по едно дрвце во Македонија.


Новите дрвца се од видовите „Црн бор“ и „Бел бор“, симбол на издржливост, чист воздух и живот. Акцијата на пошумување се реализираше во околината на манастирот Св. Илија во село Давидово, браната Калица и пределот на Демир Капија. Секоја година вложуваме љубов и труд за да ѝ вратиме на природата дел од она што ни го дава секој ден.


Замислете секое ваше патување како дрвце – мало, но полно со живот. Со секоја онлајн резервација преку Кајак.мк, вие не само што го поддржувате туризмот, туку и помагате во создавањето на зелена Македонија. Ова не е само бројка, туку симбол на заедништво и верба во подобра иднина. Вие сте дел од приказна која расте, буквално и метафорично.


Кајак.мк е првата платформа во Македонија која директно плаќа данок од секоја ваша онлајн резервација – транспарентно, одговорно и во корист на заедницата. Во исто време, со секоја резервација вие донирате по едно дрвце за пошумување на нашата земја. Две едноставни, но силни промени кои прават разлика – за економијата, за природата, за сите нас.

Кајак.мк расте заедно со вас – платформа создадена да ја поддржува локалната економија, локалните претприемачи и природата. Нашата мисија е јасна: да покажеме дека туризмот може да биде одржлив, одговорен и полн со љубов кон земјата во која живееме.


Ви благодариме на сите кои верувате во нашата приказна, ни давате поддршка, тука сте со нас!

Продолжуваме да правиме добри работи за Македонија. 

Коментари

Dejan Gelevski 04.11.2025 14:24
Неверифициран

Поздрав од срце за акцијата, се надевам ке биде поттик за нови проекти од сличен тип. Природата пред се, таа е нашиот создател!

Светлана Давковска 04.11.2025 10:06
Неверифициран

Браво, изненадувате со оваа акција 👏 Да ја шириме општествената одговорност кон природата 🏞️

DANIEL TRAJKOSKI 03.11.2025 19:17
Неверифициран

Bravo Prodolzete taka

Marko Trendevski 03.11.2025 18:43
Неверифициран

Bravo

Прочитајте повеќе

Види ги сите

26.11.2026

Првиот снег пристигна во Македонија: 7 идеи за планински одмор оваа зима

Планински одмор во Македонија – откријте 7 идеи за зимско бегство во планински куќи, дрвени колиби и вили опкружени со природа.

25.11.2026

Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери

Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.

24.11.2026

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите

Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.

23.11.2026

Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!

Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.

18.11.2026

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

16.11.2026

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!